Тешка сообраќајка на патот Радовиш-Штип, сообраќајот во прекин
Поради сообраќајка на патот Радовиш - Штип кај рудникот Бучим, сообраќајот е во прекин во двата правца, соопшти попладнево Авто мото сојузот на Македонија.
Според првичните информации, во сообраќајката се повредени 12 лица кои се хоспитализирани во Штипската клиничка болница.
Ова е втора тешка сообраќајка денеска во источниот дел на Македонија со поголем број повредени.
11 лица од кои двајца потешко се повредени во сообраќајна несреќа која се случи рано утрово на магистралниот пат Струмица - граничен премин Ново Село на влезот пред селото Робово.
Две патнички возила,од кои едно марка мерцедес, едно ауди и трактор биле учесници во судирот во кој со повреди се здбиле 11 - те патници. Десет од повредените лица кои се наоѓале во патничките возила се на возраст од 16 до 25 години, додека возачот на тракторот е 49 годишен маж.
Ново на Сител
-
Бугарскиот Парламент повторно заседава во обид да избере претседател
-
Претрес во Штип, пронајдена дрога
-
Директорот на АХВ бара да се донесат измените и дополнувања на Законот за заштита и благосостојба на животните
-
Крипто бос ја изеде бананата-уметничко дело купено за 6,2 милиони долари
-
Кинеските брендови доминираат со 70 отсто на рускиот пазар за нови автомобили
-
Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ
-
Вонредна седница на Советот на Град Скопје денеска во 13 часот
-
ЕУ повика на целосно почитување на договорот за примирје меѓу Израел и Либан