Македонија
28. јуни 2016 - 17:41

Тешка сообраќајка на патот Прилеп-Битола - Жена загина, еден маж е повреден

Една жена загина, а еден маж е повреден во тешката сообраќајна несреќа што се случи попладнево на патниот правец Прилеп-Битола, кај клучката кај селото Лагово.

Според информациите од СВР Битола, во несреќата загинала жена на возраст од околу 66 години, а маж е повреден и е префрлен во Градската болница во Прилеп.

До несреќата дошло околу 16 часот при судир на патничко возило марка „пасат“ и мотоцикл.

Загинатата жена била сопатничка на моторциклот, а возачот е повреден.

На местото на несреќата во тек е увидот на полицијата и јавен обвинител.