Македонија
24. May 2019 - 11:24

Тешка сообраќајка на патот Кичево-Охрид - повредениот почина на пат кон скопските клиники

Вчера околу 13,30 часот на региналниот пат Кичево -Охрид кај село Другово-Кичевско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управуванo од Г.Т. (63) од с.Куклиш-Струмица  и мотоцикл „сузуки„ со кичевски регистарски ознаки, управуван од К.А. (28) од с.Зајас-Кичево.

На пат кон Клинички центар- Скопје во возило на Итна медицинска помош К.А. им подлегнал на повредите.Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Кичево.