Македонија
10. March 2017 - 19:28

Тешка сообраќајка на патот Богданци - Гевгелија - Има загинати

Тешка сообраќајна несреќа доцна попладнето се случи на патот Богданци - Гевгелија во која животот го загубија три лица. Засега нема точни податоци  за возраста на настраданите, но според првичните и непотврдени информации се работи за млади лица, сите од Богданци. 

Како дошло до несреќата засега не е познато, најверојатно се работи за директен судир помеѓу две возила, но сеуште нема никаква потврда ниту информации за причината поради која несреќата била предизвикана.

Увидот од страна на надлежните екипи сеуште трае и по неговото завршување се очекуваат повеќе информации за целиот настан.