Македонија
17. September 2018 - 11:08

Тешка сообраќајка на обиколницата кај Стајковци, во болница префрлени 6 лица меѓу кои и двегодишно девојче

Вчера во 16.00 часот на обиколница на град Скопје, во близина на клучка Стајковци, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(70) од Скопје и патничко возило „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(43) од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобил Д.Т. кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Додека, со телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „Хјундаи“, Љ.М.(67) и С.С.(73), двајцата од Скопје. Со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им била укажана лекарска помош.

Со телесни повреди се здобиле и возачот на возилото „Сузуки“ и сопатникот К.Т.(38) и двегодишно девојче од Скопје. Тие биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде им била укажана лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот.