Македонија
11. March 2016 - 12:26

Тешка сообраќајка на мостот Гоце Делчев во Скопје - Еден загинат

Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа на мостот „Гоце Делчев“, информираат од СВР Скопје.

Се работи за 60-годишно машко лице, возач на авотомобилот „фиат пунто“, кој им подлегна на повредите.

Според полицијата, утринава во 9:50 часот, прво дошло до судир на автомобил „фиат пунто“ и „цитроен“, двете возила со скопски регистерски таблички, по што „пунтото“ се забило во оградата на мостот и останало да виси. Возачот подоцна беше извлечен од страна на противпожарната бригада, а Брзата помош се обиде да го реанимира.

Полицијата при увид на местото на настанот. Идентитетот на загинатото лице ќе биде објавен подоцна.