Тешка сообраќајка на локалниот пат с.Брњарци-с.Стајковци, едниот возач е 17-годишен малолетник
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на локалниот пат с.Брњарци-с.Стајковци, во која едно лице е повредено и веднаш однесено на болница. Како што соопштуваат од МВР:
„На 03.07.2020 околу 15,30 часот на локалниот пат с.Брњарци-с.Стајковци, скопско се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки управувано од 17 годишен малолетник од с.Арачиново и патничко моторно возило “Опел астра“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.Т.(20) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.Ј. во патничко моторно возило “Ауди А4“ која со возило на итна медицинска помош била пренесена во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје“.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо