Македонија
8. February 2020 - 13:06

Тешка сообраќајка на автопатот Скопје – Велес, загина возачот

Вчера во времето од 20,10 до 10,40 часот на автопатот Скопје–Велес, на околу 900 метри пред тунел Канара-Велес, патничко моторно возило „хјундаи“ со велешки регистарски ознаки управувано од Б.М.(38) од Велес излетало надвор од коловозот. Во незгодата возачот починал на местото на настанот. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.