Македонија
27. April 2019 - 8:57

Тешка сообраќајка на автопатот Скопје- Куманово: Две лица повредени

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопат Скопје-Куманово после наплатната станица Петровец, пишува Фокус.

Според неофицијални извори во сообраќајката учествувале три возила: голф со скопски регистарски ознаки, „цитроен берлинго“ со кумановски регистарски ознаки и комбе со кумановски регистарски ознаки.