Македонија
7. October 2018 - 10:55

Тешка сообраќајка на автопатот Градско - Велес, жена со тешки повреди префрлена во Скопје

Вчера околу 18,45 часот на делницата од автопатот Градско - Велес, после наплатна рампа се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Сеат Леон“ управувано од М.Б.(25) од Битола и патничко моторно возило „Мерцедес А 200“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(56) од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобиле сопатниците на двете возила, С.Б.(53) од Битола и В.С.(29) од Скопје по што со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Општа болница Велес, каде им е укажана лекарска помош.

Од страна на доктор кај С.Б. се констатирани тешки телесни повреди и истата е префрлена во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.