Македонија
2. November 2016 - 20:23

Тешка сообраќајка кај Зајас, сообраќајот во целосен прекин

На магистралниот пат А2 Кичево – Скопје, кај с.Зајас, поради сообраќајна незгода, сообраќајот е во прекин во двата правци, соопшти АМСМ.

Засега нема подетални информации за сообраќајката.

Полицијата врши увид.