Македонија
10. December 2018 - 10:53

Тешка сообраќајка кај „Стража“, четири лица потешко повредени

На 09.12.2018 година во 17,50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар - Кичево, кај планински превој „Стража“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Опел“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од Х.С.(27) од Тетово, и патничко моторно возило „Киа Спортаж“ со скопски регистерски ознаки, управувано од С.П.(54) од Скопје. 

По незгодата четворица повредени со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиничката болница во Тетово, каде им е укажана лекарска помош. Со тешки телесни повреди се здобиле возачите Х.С., С.П., сопатничката од возилото „Киа Спортаж“ Б.П.(49) и сопатникот од другото возило Б.С.(57). Четворицата повредени биле пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. 

Извршен е увид на местото на настанот.