Македонија
24. July 2015 - 11:24

Тешка сообраќајка кај Собрание

Триесет и две годишниот скопјанец Н.Л. е полесно повреден во сообраќајна несреќа која синоќа се случила пред Собранието на Република Македонија.

Полицијата информира дека до несреќата дошло околу 21 часот при судир на автомобил Мерцедес со скопски таблички кој го управувал 40-годишниот С.П. и мотор Хонда кој го управувал повредениот.

Н.Л. бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде му е укажана лекарска помош. Полицијата извршила увид на местото на несреќата.

ФОТО: Ѕид на сообраќајниот срам