Македонија
22. October 2018 - 18:39

Тешка сообраќајка кај скопска обиколница - неофицијално има повредени

Во близина на селото Стајковци, на скопската обиколница, се случи сообраќајна несреќа, дознава 24 инфо.

Патничко возило марка „Опел“ излетал од патот.

Неофицијално, има повредени лица кој се пренесени во болница.

Полицијата врши увид на лице место и сообраќајот се одвива во една коловозна лента.

За подетални информации во подоцнежните часови.

Фото: 24 инфо