Македонија
31. December 2017 - 11:24

Тешка сообраќајка кај Ресен - повредено едно лице

Вчера  во 14,50 часот во Полициската станица -Ресен, пријавено е дека на регионалниот пат Ресен-с.Царев Двор, се случила сообраќајна незгода во која непознато лице управувајќи патничко моторно возило со засега непозната марка и регистарски број, удрило во пешакот З.Ч. (1966) од с. Горно Дупени, по што непознатото лице со возилото го напуштило лице местото на незгодата .Во незгодата, пешакот се здобил со тешка телесна повреда и е пренесен во Медицинскиот центар -Битола. Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица -Ресен.