Тешка сообраќајка кај Гостивар - повредено едно лице
Уште една сообраќајна несреќа ја вознемири Македонија.
- На 09.11.2017 година околу 22,30 часот на крстосницата на ул. „Живко Брајковски“ и ул. „101“ во Гостивар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Д. (22), патничко возило „Опел вектра“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.П. (33) и патничко возило „Мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.П. (18), сите од Гостивар. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Е.П. Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата во Гостивар и по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.информираат од полицијата,
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња