Македонија
18. July 2016 - 15:46

Тешка сообраќајка кај Гостивар - Две машки малолетни деца останаа без својата мајка

Две машки малолетни деца останаа без својата мајка по тешката сообраќајка што во саботата попладне се случи во близина на Гостивар. Во Кичево со неверување ја слушнаа веста дека тројца членови од едно семејство од нивниот град ги загубија животите во мигот кога возилото „Опел астра“ со кое патувале се судрило директно со возило „Мерцедес“ во близина на хотел-ресторанот „Панорама“ кај Гостивар, пишува Телеграф.
 
Во сообраќајката загина 28-годишната Александра Стрезоска, мајка на две деца, кои за среќа во мигот на несреќата не биле во возилото.
 
Во несреќата животите ги загубија и сопружниците Ратка (56) и Ѓорге Срезоски (61), свекрва и свекор на загинатата Александра, а полесно повреден е сопругот на Александра, 30-годишниот Никола, син на Ратка и Ѓорге.
 
повеќе детали прочитајте на Телеграф.мк