Македонија
12. July 2015 - 9:03

Тешка сообраќајка кај Демир Капија: Една жена загина, четворица повредени

Една жена загина, а четири лица се повредени во сообраќајна несреќа која утринава околу 6 часот се случила на автопатот Скопје-Гевгелија.
 
Кај клучката Демир Капија, „Цитроен Берлинго“ со српски регистерки ознаки изгубил контрола и излетал од коловозот. Жената, чиј идентитет не е познат, починала на лице место, а четворицата повредени се пренесени со возила на Итната медицинска помош во медицинскиот центар во Неготино.
 
Полицијата на местото на несреќата врши увид.