Македонија
22. November 2016 - 18:02

Тешка сообраќајка ја потресе Македонија - Eдно лице загина

Едно лице загина изутрината во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Велес - Градско во непосредна близина на село Ногаевци, информира Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

Таа посочи дека во сообраќајната несреќа учествувале товарно возило марка „Ситроен берлинго“ со скопски регистерски ознаки и влечно возило марка „Сканиа“ со приклучно возило со кумановски регистерски ознаки.

Загинатиот (58) бил возач на товарното возило „Ситроен берлинго“, а со повреди се здобило уште едно лице на возраст од 55 години кое било сопатник во товарното возило „Ситроен берлинго“.

- Увид на лице место изврши јавен обвинител во содејство со увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес, информира Стојковска.