Македонија
27. December 2015 - 14:17

Тешка сообраќајка: 8 годишно детенце заврши на Ургентен

Вчера на регионалниот пат Тетово-с.Пирок, возачот Р.Љ. удрил во 8-годишно дете.

Сообраќајката поточно се случила пред раскрсницата за с.Г.Седларце, кога Р.Љ.(34) од с.Боговиње, управувајќи „Мерцедес“ со словачка национална ознака, удрил во детенцето од истото село. Во незгодата детето се здобило со повреди и по укажаната лекарска помош во Тетово, е префрлено во Ургентен центар во Скопје.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Тетово.