Балкан
5. December 2015 - 11:20

Тешка семејна трагедија: Таткото и синот загинаа, мајката и ќерката се борат за живот

Во страотна сообраќајка што се случи синоќа две лица загинаа, а две се тешко повредени. Станува збор за членови од исто семејство.

Во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на патот Добој - Маглај загинаа Адил Смаилбашиќ (58) и Е.С. (22), додека сопругата на возачот Е.С. (46) и ќерката М.С. (20) се тешко повредени.

Околу 18 часот автомобилот „рено меган“ со кој управувал Адил Смаилбашиќ (58) излетал од патот и влетал во Осојничка река. На самото место загинал возачот и неговиот син Е.С. (22). Сопругата на возачот Е.С.(46) и неговата ќерка м.С. (20) тешко се повредени.

По укажаната лекарска помош во болницата во Добој, мајката и ќерката со тешки повреди се префрлени во Клиничкиот центар во Тузла, каде се борат за живот.