-->
-->
Тешка повреда за ван Перси и крај на кариерата!
-->
Холандскиот репрезентативец од Фенербахче, Робин ван Перси, на тренингот на репрезентацијата добил сериозна повреда поради што во прашање е доведена неговата понатамошна кариера, пишуваат англиските и турските медиуми повикувајќи се на „Беинспортс“.
Ван Перси во четвртокот играше за Холандија во катастрофалниот пораз од Франција (4:0), тој во игра влезе во второто полувреме, што беше неговиот прв настап за репрезентацијата по пауза од две години.
Напаѓачот, ден по натпреварот со Франција, на тренингот на Холандија се повредил, а според „Беинспортс“, тој ги скинал предните вкрстени лигаменти во коленото.
Рехабилитацијата од оваа повреда вообичаено трае околу девет месеци, што значи дека за Ван Перси сезоната е завршена, а бидејќи има 34 години, во прашање е доведена и неговата понатамошна кариера.
Робин ван Перси е поранешен играч на Феенорд, Арсенал и Манчестер јунајтед, за националниот тим има одиграно 101 натпревар, на кои постигнал 50 гола. Ван Перси за Холандија дебитира во 2005 година против Романија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор