Балкан
17. May 2017 - 10:28

Тешка несреќа во Турција, еден загинат и 30 повредени

Едно лице загина, а 30 други се повредени откако патнички автобус удри во камион во источната турска провинција Елазиг, соопштија локалните медиуми. Инцидентот се случил на автопат меѓу градовите Каракочан и Бингел.

Автобусот патувал од Истанбул за Ван кога по неразјаснети уште причини удрил во камион, кој се движел пред него. Загинал патник, кој седел на едно од првите седишта. Сите повредени се пренесени до блиските болници, а еден од нив е во критична состојба.

Според сведочењето на возачот, поради силното сонце тој загубил привремена видливост на патот.