Македонија
19. October 2018 - 11:37

Тешка несреќа во Скопје, се преврте автомобил- има повредени

По полноќ во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата „Париска“ и улицата „Варшавска“ патничко моторно возило “Ауди“ со скопски регистерски таблици управувано од 19-годишниот П.Ѓ. од Скопје изгубило контрола и се превртелo.

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот П.Ѓ. а со телесни повреди се здобил сопатникот, 18-годишниот А.Д. од Скопје, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.