Македонија
1. August 2018 - 10:44

Тешка несреќа во Пробиштип - има повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случила во Пробиштип. Според информациите на полицијата, вчера  во 21.10 часот на крстосницата од ул. „Јаким Стојковски“ и ул. „Никола Карев“ во Пробиштип се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „Рено Меган“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Љ.М.(60) од Пробиштип и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од К.Ј.(21) од с.Злетово, пробиштипско. По незгодата, возачот на мотоциклот бил пренесен во Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип и по укажаната лекарска помош бил препратен во Клиничка болница Штип каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на лекување.

Увид на местото изршила увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.