-->
-->
Тешка несреќа во Куманово - прегазено 8-годишно дете
-->
Тешка несреќа се случи на патот кај с. Слупчане. Според информациите на МВР вчера околу 15.00 часот на локален пат с.Слупчане-с.Руница, општина Липково, патничко возило „Опел Корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б. И. (30) од с.Слупчане, а со привремен престој во Швајцарија, удрило во осумгодишно дете од с.Слупчане. Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди по што било пренесено во Општа болница Куманово, од каде, по укажаната лекарска помош, било префрлено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица