Македонија
2. July 2018 - 11:23

Тешка несреќа во Куманово - прегазено 8-годишно дете

Тешка несреќа се случи на патот кај с. Слупчане. Според информациите на МВР вчера околу 15.00 часот на локален пат с.Слупчане-с.Руница, општина Липково, патничко возило „Опел Корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б. И. (30) од с.Слупчане, а со привремен престој во Швајцарија, удрило во осумгодишно дете од с.Слупчане. Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди по што било  пренесено во Општа болница Куманово, од каде, по укажаната лекарска помош, било префрлено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.