Македонија
7. September 2018 - 21:18

Тешка несреќа на македонските патишта, има повредени

Вчера околу 22.15 часот на регионалниот пат Тетово-Пирок, во селото Камењане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Џ.(19) од Боговиње, тетовско и патничко возило „Ауди“, управувано од И.Г.(35) од тетовско Ново Село.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од „Голфот“, 20-годишниот Ф.М. од Боговиње. По укажаната помош во тетовската клиничка болница, тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Со телесни повреди се здобиле здобиле тројца сопатници од возилото „Ауди“. По укажаната помош, двајца биле пуштени на домашно лекување, а Ш.Г.(55 ) бил задржан во болницата на понатамошно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот.