Тешка несреќа кај Градско, повредено едно лице
Тешка сообраќајна несреќа се случила на патот Градско - Прилеп. Според информациите на полицијата, во саботата околу 17.30 часот на магистралниот пат Градско - Прилеп, во близина на место викано "Рамница" се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ж.Д.(62) од Скопје, патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки управувано од У.Ф.(32) од село Аладанци, крушевско и патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од И.Т.(41) од село Дреново, кавадаречко.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка во кавадаречкиот автомобил М.Т.(36) од село Дреново, која е пренесена во Општа болница Кавадарци од каде по укажаната медицинска помош е препратена на лекување во Скопје.
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти