Балкан
25. February 2019 - 11:49

Тешка несреќа кај Дубровник: Се судрија возило на Брза помош, цистерна и автомобил

Во тешка сообраќајна несреќа која се случила утринава околу 6 часот кај Дубровник, загина едно лице, а се судриле возило на Брза помош, цистерна и патничко возило.

Кај местото Баници кај Дубровник, сообраќајот е сопрен и во двата правци, а екипите на брза помош и пожарникари се на местото на несреќата.

Според неофицијални информации настрадал возачот на амбулантното возило, а две лица се повредени и пренесени во болница.