Македонија
17. May 2019 - 15:32

Тешка несреќа: Албанец паднал од тераса од висина над шест метри

Млад Албанец паднал од тераса додека ги извршувал своите работни обврски, поради сериозноста на повредите бил итно пренесен на Ургентно.

Според информациите на полицијата, вчера вчера околу 12.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека 16-годишен албански државјанин паднал од тераса од висина од над шест метри и се здобил со тешки телесни повреди. Според пријавата, тој паднал додека извршувал работни задачи објект во изградба на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар. По укажана помош во болницата во Гостивар, тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид на местото и се преземаат мерки за расчисрување на случајот.