Македонија
8. May 2018 - 14:37

Тешка кражба во скопска Кисела Вода

Од магацин во скопската населба Кисела  Вода е украдено камионче. Според информациите на МВР, чера во 11.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, З.К. (58) од Скопје пријавил дека во периодот од 4 до 7 мај 2018 година, од магацин на бул. „Борис Трајковски“, непознат сторител одзел товарно моторно возило „Киа Преџио“ со скопски регистарски ознаки, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 150.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за целосно расчистување на случајот