Македонија
23. September 2018 - 14:44

Тешка кражба во Гевгелија, обиен метален сеф, украдени милион денари

На 21/22.09.2018 година во период од 23.30 до 07.15 часот во Гевгелија на ул. „Индустриска“ во хала на приватна фирма извршена е тешка кражба. Сторителот влегол преку прозорец во канцеларија, каде од метален сеф кој насилно го отворил, одзел 1. 000. 000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.