Македонија
23. September 2015 - 13:43

Тешка кражба во црквата „Рожденство на пресвета Богородица“

Поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „тешка кражба“ надворешната канцеларија за кривични работи Берово поднесе кривична пријава против Б.А.(55) од село Ротино битолско и М.Г.(49) од село Мокриево струмичко.

 Имено пријавените на 20 април 2015 година околу 14 часот откако дошле и влегле во црквата „Рожденство на пресвета Богородица“ во Берово, го опсервирале местото од каде можат да влезат внатре незабележано, го подигнале дрвеното резе на вратата од црквата и вечерта преку истата влегле внатре и со употреба на сила и подесен алат ја разбиле металната каса од каде одзеле 23.000 денари и 11.000 денари од просторијата за продавање на свеќи, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 34.000 денари.