Македонија
3. October 2015 - 14:52

Тешка кражба во Битола

Вчера во периодот од 12:30 до 14:30 часот во населбата Горно Оризари - Битола, во куќа сопственост на Ќ.Б. (1974), непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што насилно ја отворил споредната врата од куќата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел 40.000 денари и пиштол „ЦЗ“ калибар 9мм со сер.бр.41507, а потоа го напуштил местото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.