Македонија
31. December 2020 - 19:46

Тешка година за он-лајн образование, најавена нова концепција за основно

Неиспишани оценки, страв, неизвесност вака на 10 март беа затворени училиштата.. Неколку дена претходно во паника учениците ја напуштаа наставата, дел на повик од родителите а други самоиницијативно.

На барање на комисијата за заразни болести Владата донесе одлука училиштата, градинките и факутетите  да бидат затворени 14 дена.

Второто полугодие се одвиваше со настава од далечина. Бројни проблеми предизика новата состојба за учениците и наставниците. Учениците речиси и да не слушаа лекции, материјалот им беше испраќан и по смс пораки. Оние наставници кои беа по иновативни спроведуваа онлајн настава преку различни платформи.

Поради вонредната состојба која ја поремети и учебната година, матурантите со петиција побараа да се откаже полагањето државна матура.Министеството тактизираше одреден период пред да донесе одлука.

Учениците не се вратија во школските клупи до 10 јуни. Годината заврши согласно планот но неизвесноста продолжи. Никој немаше одговор како и кога ќе почне новата учебна година. Откако летото се потроши на избори,  неколку дена пред почетокот информираа дека стартот на учебната година се  одложува.

Но како ќе се одвива наставата, дали и кои ученици ќе се вратат на настава немаше одговор. До 26 септмеври ниту родителите, ниту учениците знаеја како ќе се одвива учебната година.

Дојде и 1 октомври. Во неколку градови учениците излегоа на протести против онлајн настава.

Првиот час почна само во 600 училишта во земјава, сите останати  требаше да бидат онлајн на платформата.

Најголемо разочарување имаше кај најмалите.

https://www.youtube.com/watch?v=Zps2VQUsgXQ

Најавената платформа не профункционира во првото полугодие.

Пред крајот на годината, министерката ја објави реформата за основно образование која се планира да се воведе од следната учебна година.  По ова следеа бурни реакции од научната фела кои и натаму  не стивнуваат. Историја ќе се изучува во склоп на предметот општествени науки а ваквиот потег фелата   го толкува како политичка одлука во време кога се негира минатото на државата од властите во Бугарија. Се крати фондот на часови по повеќе предмети. Дали реформата ќе значи и крај на работниот стаж и за колку професори ќе дознаеме до идниот септември.