Кошарка
15. November 2017 - 8:47

Тесена победа на МЗТ против Гостивар

Кошаркарите на македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром во неизвезен дуел го совлада  Гостивар со 75:67  по четвртини 17:18; 16:11; 24:20 и 18:18. во последниот натпревра од 6.коло на Првата лига.
 
Најефикасен во редовите на МЗТ за кој ова беше четврта победа беше Марко Симоновски  22 поена. Двоцифрен учинок имаше и Бојан Трајковски со 13 поени и 11 скока. Јурај Сегариќ и Александар Тодоровиќ постигнаа по 18, а Ивица Димчевски 14 кај Гостивар. За тимот на Гостивар ова беше втор пораз.
 
 
Табела: Работнички 6-0, Блокотехна 5-1, Карпош Соколи 5-1, МЗТ Скопје 4-2, Гостивар 4-2, Фени И. 4-2, АВ Охрид 4-2, Куманово 2-4, Пелистер 1-5, Кожув 1-5, Струмица 0-6, Шкупи 0-6.