Loading Video...
Свет
13. May 2018 - 22:14

Терористот кој со нож напаѓаше луѓе во Париз е од Чеченија

Француската полиција го уби напаѓачот кој претходно со нож усмрти едно лице а повреди четири  во центарот на Париз.  Се работи за 21 годишен Русин од Чеченија со француско државјанство. Мотивот за негово дивеење се уште  не познат. Одоговорноста за нападот ја презеде ИД.

- Според изјавите на сведоците, напаќачит извикувал Алах акбар додека со нож ги бодел луѓето.Истрагата ја води  антитерористичката единица изјави ФРансоа Молин, јавен обвинител на Париз.

 

По нападот , ФРанцускиот претседател Макрон на Твитер напиша – Франција повторно плаќа со крв, но нема да им ја дадеме на непријателите слободата.