Свет
3. јуни 2016 - 17:00

Tерористички напад во Германија беше избегнат поради „исповед“ на потенцијален терорист во Франција

Апсењето на тројцата Сиријци во Германија поради сомневање дека подготвувале голем напад во име на организацијата Исламска држава, се должи на признанието на еден џихадист кој се „покајал“ и и се предаде на француската полиција, јавува дописникот на МИА од Париз.

Дали Салех А. дозволи да се избегне масовно убство во Германија, земја која досега е релативно недопрена од исламскиот тероризам, се прашуваат повеќе медиуми, но и истражаните органи.

Според информациите од повеќе медиуми, вклучувајќи го и париски „Ле Монд“ и телевизијата и ИТв, германската полиција не ќе можеше да го спречи самоубиствениот план за бомбашки напад во Дизелдорф, чие постоење беше откриено во четвртокот од страна на локалните власти, без помош на овој сирискиот „покаен“ џихадист. Неговите соучесници, тројца мажи, исто така, со потекло од Сирија, беа уапсени под сомнение дека се припадници на ќелија на организацијата Исламска држава .

28-годишниот, Салех А. се предал доброволно на 1 февруари во полициска станица во Париз за да се исповеда. Според Ле Монд, тој изјавил дека пристигнал во Европа во 2014 година по наредба на Даеш и откако поминал во неколку кампови за бегалци, чекајќи зелено светло за извршување за напади и рекол на полицијата дека е "уморен“, по што и ги дал на полицијата имињата на неговите соучесници кои пристигнале во пролетта и летото на 2015 година, преку патот на мигрантите преку Грција за да го поддржат во терористичкиот план.

Сценариото на планот е сличен на онај од 13 ноември во Париз: бомбаши-самоубијци и слепо стрелање со калашникови во стариот кварт на Дизелдорф.

Ако џихадистот кој се покаја се наоѓаше во Франција во февруари, според весникот, тоа е затоа што, паралелно, тој бил задолжен и за уште една мисија: да добие пари од фризерски салон во 18 ароднсиман на Париз за да отпатува во Ватикан. Таму, тој требал да замени за пари видео со властите, на кои е прикажан еден од заложниците на Исламската држава, италијански свештеник, кој се уште бил жив. Ле Монд вели дека тој не добил средства за патување, што можеби го натерало да се пријави пред властите во Франција.7

Според ИТВ, Салех А. е поранешен војник од армијата верна на сирискиот претседател Башар ал Асад, кој по престојот во затвор, се приклучил на непријателскиот џихадистички табор.

Француските и германските власти сега разговараат за статусот на „покајникот“. Во Франција, тој во моментов е обвинет и затворен, но Германија наскоро ќе побара негов трансфер.