Балкан
21. August 2016 - 16:04

Терористички напад на свадба во Турција, 50-тина мртви и 100-тина повредени

Најмалку 50 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени при самоубиствен бомбашки напад на свадба во турскиот град Газиантепе. Меѓу жртвите има голем број жени и деца. Полицијата на местото на нападот пронашла остатоци од елек со експлозив каков што вообичаено користат бомбашите самоубијци. На турските медиуми од страна на радиодифузната агенција им беше забрането да емитуваат снимки од нападот, исто како  и за претходните напади во Турција.

Засега ниту една терористичка организација не ја презеде одговорноста за крвавиот терористички акт.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека најверојатно  џихадистите се сторители на бомбашкиот напад. Според него „нема разлика“ меѓу групата со седиште во САД, која ја предводи проповедникот Фатула Ѓулен, кого го обвинува за неуспешниот пуч, забранетата Курдска работничка партија (ПКК) и таканарачената Исламска држава.

Ердоган изјави дека нападите во Турција, се со цел за ја зацврстат поделбата меѓу различните групи во земјата, и да направат раскол по „етничка и верска основа“.

Курдската работничка партија потврди дека на свадбата биле присутни нивни припадници.

Многу џихадисти Курдите ги гледаат како еден од своите најголеми главни непријатели.

-Нашата тага е голема, но бидете сигурни дека нашето единство и заедништво ќе ги победат овие неразбирливи напади, порачал турскиот премиер Бинали Јилдирим.