Свет
30. July 2017 - 13:57

Терористи планирале да се разнесат во авион

Двајца татковци и два сина се четворицата мажи кои се уапсени во Сиднеј и обвинети дека планирале да разнесат авион со рачно направена бомба, инспирирани од екстромно исламистички побуди.

Според локалните медиуми, мажите планирале да разнесат авион кој ќе летал од Суднеј кон Блискиот Исток, најверојатно Дубаи.

Идентитетите на уапсените мажи се уште се официјално соопштени, иако некои од медиумите веќе шпекулираат.

Откако тие ја подготвиле рачната бомба, австралиските специјалци влетале во нивните имоти низ целиот град, за време на акцијата.