Територијалната противпожарна единица-Куманово лани интервенирала 405 пати
Минатата 2016 година во Куманово биле регистрирани 405 интервенции, што претставува незначително намалување во однос на 2015 кога биле регистрирани 435 интервенции, соопшти денеска Територијалната противпожарна единица-Куманово.
- На отворено беа регистрирани 225 пожари, додека во 2015 беа регистрирани 235 пожари на обејкти, изјави Дејан Илиевски, командир на ТППЕ-Куманово.
Од ТППЕ-Куманово лани интеревнирале при гасење пожари на 94 објекти, на 27 патнички и товарни моторни возила и 59 останати интервенции, кои вклучуваат гасење пожари на ѓубришта, депонии, слами. Минатата година имале и 25 технички инетрвенции во сообраќајни несреќи, исмпумпување вода, учество во санирање на одредени состојби.
Од почетокот на годинава досега противпожарната единица интервенирала 36 пати.
Територијалната противпожарна единица-Куманово располага со девет противпожарни возила за отворен простор и за урбана средина.
- Имаме 51 пожарникар и релативно добро сме екипирани. Очекуваме успешно да се справиме со работните задачи и годинава, нагласи Илиевски.
Ново на Сител
-
Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци
-
Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар