Свет
21. January 2017 - 18:09

Тереза Меј: Трамп го препозна значењето на НАТО

Британската премиерка Тереза Меј изрази уверување дека новиот американски претседател Доналд Трамп ја разбирал стратешката вредност на НАТО.

- Трамп го препозна значењето на НАТО, истакна Меј за весникот „Фајненшал тајмс“.

Таа, исто така, смета дека Британија може да постигне нов трговски договор со САД.

Се очекува Меј наскоро да се сретне со Трамп во Вашингтон.

Новиот претседател на САД ги вознемири европските сојузници со своите неодамнешни оценки дека Алијансата е застарена. Трамп нагласи и дека членките на НАТО мора повеќе да плаќаат за својата одбрана и да не очекуваат толку на американските воени придонеси.