Свет
5. July 2016 - 17:25

Тереза Меј: Миграцијата во Велика Британија треба да биде намалена

Мигрантскиот бран кон Велика Британија треба да биде намален до неколку десетици илјади годишно, изјави денеска британскиот министер за внатрешни работи Тереза Меј.

Таа е главен кандидат за иден премиер на Обединетото кралство.

Неколку десетици илјади е нивото на миграција, кое британската Влада го поставила со цел да го поддржи, но кое не успеа да го постигне во последните години.

- Велика Британија треба да се обиде да го зачува финансискиот сектор во Лондон и неговите конкурентски предности при преговорите за излезод ЕУ, истакна Меј во интервју за весникот „Ивнинг стандард“.