Свет
29. јуни 2017 - 21:50

Тереза Меј ја доби довербата на британскиот Парламент

Владата на премиерот Тереза Меј ја доби довербата на британскиот парламент, благодарение на поддршката на ултраконзервативната северноирска Демократска унионистичка партија.

Пратениците од Долниот дом  со 323 гласа ја  одобрија законодавната програма на Тереза Меј, додека 309 пратеници гласаа против.