Македонија
7. August 2015 - 10:46

Терестичка дезинсекција во Липково

Екипи од Центарот за јавно здравје Куманово, вечер ќе извршат терестичка дезинсекција на територијата на општина Липково, информираат од Центарот.

- Апелираме до пчеларите од подрачјето на Липково да преземат соодветни заштитни мерки за пчелните семејства, изјави епидемиологот од Центарот за јавно здравје, д-р Јадранка Стаменковска.

Дезинсекцијата ќе спречи појава на вектор-преносливи болести кои ги пренесуваат комарците. Дезинсекцијата може да се одложи наредниот ден поради неповолни временски услови. Станува збор за втора фаза на терестичка дезинсекција во таа општина.