-->
-->
Теренски истражувања во рамките на проектот „Водоснабдување на Делчево“
-->
Незначителни загуби на главната водоводна линија од браната Лошана до пречистителната станица е главниот заклучок од направените истражувања во рамки на проектот „Водоснабдување на Делчево“, проект во чии рамки во Делчево се одржа вториот состанок на кој беа презентирани досегашните активности, како и идните чекори кои остануваат како обврска на сите чинители во проектот.
Емилија Спировска од фирмата „Хидроенерго инженеринг“ од Скопје, која е партнер на проектот од Швајцарската компанија ЕБП, е задоволна од неговата динамика и истражувањата во чии рамки веќе се познати и првичните резултати.
- Истражувањата на терен се во поголем дел завршени. Извршено е снимање со нуркачка опрема на акумулацијата Лошана, извршено е мерење на проток и притисок на водата во системот при што е утврдено дека има незначителни загуби на главната линија од браната до прочистителната станица, а исто така, нема загуби на дистрибутивната мрежа меѓу прочистителната станица и Делчево, истакна Спировска.
Во наредниот период, како што беше истакнато на состанокот, ќе следи истрага за определување на технолошкиот процес за прочистување на водата, геодетски мерења за поврзување на водоснабдителните мрежи, а ќе се работи и на проектите за инфраструктура и идејни проекти за прочистителна станица, за малата хидроелектрична централа и фотоволтаичната централа.
Вкупната вредност на проектот „Водоснабдување на Делчево“ изнесува 7,3 милиони швајцарски франци, од кои шест милиони се донација од Швајцарската Конфедерација, додека приближно 1,3 милиони швајцарски франци се од Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Делчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра