Македонија
10. July 2018 - 10:06

Теренски активности на ЈП „Комуналец“ Битола

Екипи на ЈП „Комуналец“-Битола продолжуваат со теренски активности во градот, замена на канти и контејнери, хортикултурно уредување на површините и возобновување на неискористен рекреативен простор.

ЈП „Комуналец“- Битола, освен редовно подигнување на сметот, го рехабилитира просторот и зелените површини во централното градско подрачје, односно местото познато меѓу битолчани како „Стара болница“ и извршија хортикултурно уредување, реконструирање на патеките за безбедно движење на децата и возрасните, а заменети се реквизитите за рекреација и поставени се нови.

Во овој период од годината, а посебно по дождливите денови кои го зафатија градот, повеќе екипи на ЈП „Комуналец“- Битола вршат сечење на нараснатата трева, кастрење гранки и уредување на зелените површини покрај коловозите и парковите во општината