Балкан
14. April 2016 - 10:57

Тепачки меѓу бегалците во Идомени

Рано утрово меѓу бегалците во Идомени на грчко-македонската граница избувнале тепачки, јавуваат грчките медиуми.

Според грчката полиција, како што јави дописникот на МИА од Атина, во инцидентите, што се случиле на железничката пруга, учествувале околу 30 лица, кои го оштетиле стаклото на кантината во кампот.