Кошарка
12. March 2019 - 10:03

Тепачка за која зборува цела Америка: Летаа боксови на паркетот, брутална пресметка на ѕвездите на НБА

Натпреварот меѓу Кливленд и Торонто го одбележа жестока тепачка меѓу Серж Ибака и Маркиз Крис.

Кошаркарите на Кливленд потполно неочекувано, убедливо го победија Торонто со 126:101. 

Колку играчите на Торонто биле бесни поради развојот на ситуацијата на теренот најдобро покажува реакцијата на Серж Ибака во финишот на третата четвртина.

Ибака по еден дуел со младиот Крис заврши на паркетот. Кошаркарот на Кливленд значајно го погледа и тоа го разбесне Ибака. Шпанскиот репрезентативец брзо се крена од паркетот, го фати за врат младиот играч на Кливленд и почна да го удира. Летаа боксови на двете страни.

Двајцата играчи се исклучени, а Ибака сигурно го очекува сериозна казна.